22.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Кетрин Зета-Џонс со фотографии и порака ѝ го честиташе 18-тиот роденден на ќерка си Карис

Најчитани вести

Ќерката на холивудските ѕвезди Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас наполни 18 години.

За да ѝ го честита роденденот на Карис, славната актерка сподели фотографии од семејниот албум на Instagram, заедно со порака.

„Среќен 18-ти роденден Карис Зета! Ти си сè и сè е ти. Ти благодарам за радоста која ми ја носиш. Во 5 часот утрово ти ми испрати порака за да ми се заблагодариш што те родив. Ти си таков тип на жена. Љубезна. Твојата мудрост ги надминува твоите години. Твојата убавина е длабока и твоето срце е големо за да го сака и обвие цел свет. Твојата смисла за хумор, многу важно, е ненадминлива. Можам да продолжам да набројувам… Можеш малку да поработиш на јапонскиот јазик… Те сакам ангелу, Мама“ – стои во описот.

Кетрин и Карис
Кетрин и Карис

Честопати, Карис е нарекувана мини-копија на мајка си, бидејќи многу наликувала на Кетрин кога била во тинејџерските години.

Карис и Кетрин заедно посетуваат модни настани и снимаат фотосесии.

Кетрин и Карис
Кетрин и Карис
Кетрин и Карис
Кетрин и Карис
Кетрин и Карис
Кетрин и Карис
https://www.facebook.com/plugins/like.php?href=http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D1%88%D0%BE%D1%83-%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81/%D0%BA%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BD-%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D1%9F%D0%BE%D0%BD%D1%81-%D1%81%D0%BE-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%B8-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%88%D0%B5-18-%D1%82%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D1%9C%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81&width=300px&layout=button_count&action=like&size=large&share=true&height=35&appId=115414118478765&locale=mk_MK

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести