28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Кендал Џенер пријавила дека мажот кој ја следел планирал да ја убие! Тој веќе бил апсен 3 пати

Најчитани вести

Еден човек наводно планирал да ја убие Кендал Џенер затоа што, според него, „таа не ја користи правилно својата јавна платформа“.

Американската манекенка и ријалити sвезда Кендал Џенер (25) неодамна беше известена дека шпионот Малик Букер планира да ја убие.

Имено, тој наводно рекол дека планира да купи нелегално оружје и да пука во Кендал, а потоа да се самоубие, според судските документи до кои дојде “TMZ”.

Тогаш Кендал откри дека немала „врска“ со овој човек кој „никогаш не го запознала“. Џенер тврдеше дека таа била „особено преплашена бидејќи тој патувал низ целата земја со единствена цел, да ја убие“.

Чувствувајќи се „сериозно емотивно вознемирена“, Кендал истакна дека таа исто така „се плаши дека шпионот ќе ја најде и ќе ја повреди или убие кога ќе биде пуштен од болница“, пренесуваат странските медиуми.

Според еден службеник на полициската станица во Лос Анџелес, Марк наводно имал намера „да ја убие моделот Џенер затоа што, според него, не ја користи правилно својата јавна платформа“.

Заради мерката за забрана, мажот мора да се држи на 100 метри оддалеченост од Кендал и нејзиниот дом, сè до сослушувањето на 20 април 2021 година.

Да се потсетиме, пред неколку месеци, Џенер побара трајна забрана за пристап на Канаѓанинот кој беше уапсен трипати за неовластено влегување во нејзиниот имот и кој ја доби забраната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести