2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Кенгур претепал жена во Австралија

Најчитани вести

Жена во Австралија добила 25 шевови на лицето и за малку ќе останела без око, откако ја нападнал кенгур додека го шетала нејзиното куче.

Нападот се случил во градот Водонга, во сојузната држава Викторија, пренесува Си-ен-ен. Како што таа раскажала во болница, го пуштила кучето од поводникот и тоа почнало да го брка големиот кенгур.

„Истрчав да го смирам кучето, но не сфатив дека кенгурот се крие само на три метри од мене, зад едно дрво“, рекла таа.

Кенгурот ја нападнал од зад грб и ја соборил на земја.

Почнал да ја удира и да скока врз неа. Таа одлучила да се преправа дека е мртва за да го измами животното, што на крајот успеало.

Жената претрпела бројни повреди на лицето, рацете и нозете.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести