Двајцата моментално најсилни луѓе во европскиот фудбалер, Александар Чеферин и претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, имале серија на состаноци.
Целта на тие состаноци било да разговараат за иднината на фудбалот, правецот во кој ќе се движи овој спорт, односно дека треба да го прилагодат на идните генерации.
„Не ви се потребни пари за да може да играте, па и најслаб иот може да го победи најдобриот во Европа. Фудбалот е единствен спорт во кој е такво нешто возможно“, беа зборовите на првиот човек на УЕФА.
Од друга страна, поради напливот на пари од страна на ПСЖ на трансфер маркетот, Келаифи има посебна визија за фудбалот и затоа разговарале со Чеферин.
„Не е важна големината, навивачите мора да имаат свои сонови. Словенија два пати беше на Мундијалот, што е фантастично за така една мала земја, па и за сите останати кои одат на големите натпреварувања, дали клупски или репрезентативци. Би сакал фудбалот да остане таков каков што еденес, не сакаме дигитален фудбал со некои чудни идеи“, истакна Келаифи.