18.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Кевин Спејси ќе се брани од слобода

Најчитани вести

Американскиот актер Кевин Спејси е пуштен од притвор со безусловна кауција откако се појави пред судот во Лондон по четири обвиненија за сексуален напад над тројца машки лица.

62-годишникот се соочува и со петто обвинение за поттикнување маж да се впушти во пенетративна сексуална активност без согласност.

Од него не беше побарано да се изјасни за наводните кривични дела што се случиле во периодот од 2005 до 2013 година.

Следното појавување на Спејси ќе биде во судот во Саутварк на 14 јули, на рочиште за изјаснување на вина и подготовка за судски процес.

Пред кусото прелиминарно рочиште, што беше закажано за четврток во 10:00,  холивудскиот актер беше придружуван од неговиот правен тим и двајца полицајци низ маса фотографи и камери кон влезот на судот.

Спејси, облечен во бледосин костум и темна вратоврска, седна на обвинителна клупа. Неговиот случај беше сослушан од заменик-главен судија Танвир Икрам.

Патрик Гибс, адвокатот на Спејси, изјави: „Господинот Спејси остро негира каков било криминал во овој случај“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com