2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Квалитетно засилување за клубот од Штип: Муарем Муарем е нов член на Брегалница

Најчитани вести

Екипата на Брегалница успеа во своите редови да го доведе поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем.

Муарем одлучи да го прифати повикот од Штип и да потпише договор со овој тим до јуни 2022 година, со можност за продолжување за продолжување на истиот за уште две години. Со ова Брегалница само ги потврди високите амбиции, желба за враќање во најсилната македонска фудбалска конкуренција.

-Ангажиравме фудбалер од репрезентативен калибар, согласно добро познатите амбиции на клубот. Ако е добро познато дека Брегалница е исклучително млада екипа, ни беше неопходен искусен фудбалер како можност и за напредок на младите фудбалери. Искуство, стабилност и лидерство се носи во екипата со ангажманот на Муарем, нешто кое ни недостасуваше изминатиов период, оистакна спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

32-годишниот Муарем освен во нашата држава има настапувано и во Турција, Азербејџан, Албанија и Казахстан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com