20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Квалитетна здравствена заштита за сите деца на Клиниката за детски болести

Најчитани вести

Kвалитетна здравствена заштита за сите деца кои се лекуваат на Универзитетската клиника за детски болести, задоволни родители и персонал, се приоритетите кои денеска на средба со новинарите ги презентираше новата директорка на таа јавна здравствена установа, Наташа Најденовска Алулоска.

„Се надевам дека ќе можам да дадам свој придонес во подобрувањето на работите на Детската клиника во однос на организацијата на работењето, од аспект на лекување на новороденчињата, квалитетна здравствена заштита на сите деца кои се лекуваат на Клиниката и од аспект на заводолни родители и персонал“, рече д-р Најденовска Алулоска.

Голем е предизвикот и одговорноста, посочи таа и изрази надеж дека со мали чекори напред ќе може да се придвижуваат работите кон подобро.

„Започнати се некои активности за подобрување на работењето, почнато е реновирање на Одделот за онкологија на кој престојуваат тешко болни деца. Ќе се залагам за воведување нови постапки и дијагностички и терапевтски процедури. Ќе поддржам и развој на Одделението за неонатологија, но и на сите други оддели на Клиниката, каде има потреба од доосовременување на протоколите на третман, просторниот и кадровскиот капацитет, доедукација и доопремување“, додаде Најденовска Алулоска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com