Хуан Квадрадо мина фантастични и незаборавни осум сезони во Јувентус, но откако двете страни решија дека е време за разделба и не го продолжија договорот, Колумбиецот сепак реши да остане на Апенините.
Со оглед на високиот интензитет и добрите перформанси кои ги имаше до последниот натпревар, Квадрадо остана атрактивен за најголемите клубови и во 35-та година од животот, а на крајот битката за неговиот потпис ја доби Интер.
Бепе Марота успеа да го договори искусниот фудбалер кој може да игра дефанзивно и офанзнивно по десната страна, па после сите најави, денеска е денот за промоција.
Квадрадо пристигна во тренинг центарот на Интер за да ги мине медицинските прегледи, а таму го чекаше и јасна порака од најверните тифози на Интер кои досега имаа само лошо мислење за Колумбиецот.
– До денеска правеше се за да бидеш омразен. Ако сакаш да направиш нешто поинакво, време е да го покажеш тоа, – гласи транспарентот.