2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Кај скопјанец пронајдени „метадон“ и ампули „дијазепам“

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.

Осомничениот на 25 март, во својот дом на улицата Ордан Чопела во Гази Баба, неовластено заради продажба држел 97 шишенца „метадон“ со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција-инјекционен раствор на „дијазепам“ со вкупен волумен од 1.960 мл.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот 47-годишник.​​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com