17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Кајри Ирвинг потсети на Мајкл Џордан во триумфот над Шарлот

Најчитани вести

Вистинско шоу имаше направи плејмејкерот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, во победата на неговиот тим против Шарлот Хорнетс (132:121).

Тој постигна 50 поени со неверојатен шут од игра, со повеќе од 75 проценти прецизност. Само Мајкл Џордан има направено нешто слично во историјата на НБА лигата.

Бруклин, кој на хартија е еден од најсилните тимови во лигата, е на осмото место во Источната конференција со ефект од 33 победи и исто толку порази. Токму победата против Шарлот, кој е директен конкурент за плеј-офот, им помогна многу во борбата за пласман во доигрувањето.

Водечкиот тим во Западната конференција, Феникс Санс, го совлада Орландо Меџик со 102:99. Шамет и Ајтон постигнаа по 21 поен, додека кај Орландо најдобар беше Вендел Картер Џуниор со 20 поени.

Мемфис Гризлис славеа против Њу Орлеанс Пеликанс со 132:111. Вториот тим на Западот го предводеше Џа Морант со 24 поени, а Џерен Џексон Јуниор и Дезмонд Бејн додадоа по 22 поени.

Голден Стејт Вориорс ја прекинаа серијата од пет порази. Тие го победија Лос Анџелес Клиперс со 112:97. Кај Вориорс најефикасен беше Џонатан Куминга кој постигна 21 поен. Клеј Томпсон постигна 20, а Стеф Кари 15.

Милвоки Бакс беа разиграни против Оклахома Сити Тандер и славеа со 142:115, а Кливленд Кавалирс ја доби битката со Индијана Пејсерс (127:124).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com