7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Кајли Џенер ja покажа луксузната бања, а обожавателите ѝ се изнасмејаа за еден детал

Најчитани вести

Кајли Џенер беше исмејувана од следбениците на Instagram откако објави видео од нејзината луксузна бања, во кое целото внимание го украде тушот.

Како што може да се види на видеото, млазот вода што излегува од главата за тушот е прилично слаб, па затоа фановите почнаа да пишуваат дека парите можеби не можат да купат среќа, но дека во случајот на Кајли не можат да купат ниту добар водоводџија.

„Кајли живее во замок од 35 милиони долари и ова е нејзиниот туш“, напиша еден корисник на Твитер, објавувајќи снимка од видеото што јасно покажува низок притисок на водата.

“Не само што е слаб притисокот на водата, туку и главата на тушот е мала. Време е да се отпушти водоводџијата”, се согласи друг следбеник.

Некои почнаа да се шегуваат дека се чувствуваат подобро сега кога знаат дека имаат подобар туш од Кајли Џенер, а некои напишаа дека го имаат истиот.

„Сега ми е полесно кога знам дека не сум единствената со ваков туш“, заклучува коментаторот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com