17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Кајли Џенер ја продаде својата мегауспешна компанија – Од цифрата боли глава

Најчитани вести

Кајли Џенер го продаде мнозинскиот дел во својата компанија „Kylie Cosmetics“ за 600 милиони долари на бјути конгломератот „Coty Inc“, јавува Business Insider

Така „Coty“ стекна 51% од контролниот удел во компанијата која Кајли ја основа на само 18 години. Како што пишуваат медиумите, Кајли и понатаму ќе остане заштитно лице на брендот кој ќе биде преименуван во „Kylie Beauty“.

Вредноста на брендот е проценува на околу 1,2 милијарди долари. Во изјавата на „Coty“ се вели дека се очекува брендот, оваа година, да генерира продажба од околу 200 милиони долари. „Coty“ ги опфаќа брендовите како „OPI“, „Cover Girl“, „Clairol“.

Оваа година Кајли ја стекна титулата најмлада самонаправена милијардерка.

Првата милијарда ја заработи со само 21 година, па така го претрка и Марк Зукенберг, кој својата прва милијарда ја заработи на 23 години.

Кајли ја имаше својата прва работа во семејното реално шоу „Keeping Up With the Kardashians“. Таа имала само девет години кога шоуто започна да се емитува. Оваа година се прикажува 16. сезона, а Кајли покрај тоа поткренала свое релално шоу „Life of Kylie“ кое кратко се прикажуваше во 2017 година.

Во 2013 година Кајли на само 15 години, со сестра си Кендал започнале со своја линија на облека. Брендот за кратко се раширил во САД, но и во светот. После тоа, Кајли ја основа компанијата „Kylie osmetics“, својот најуспешен проект.

Само од објавата за купувањето „Kylie Cosmeticsa“, акциите на „Coty“ пораснале за дури 6%./slobodenpecat.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести