9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Кајли Џенер својот роденден ќе го прослави на јахта вредна 200 милиони долари!

Најчитани вести

Не постои нешто што се нарекува „мала забава“ кога семејството  Кардашијан – Џенер е во прашање.

Сепак, никој не очекуваше дека младата инфлуенсерка за своите најблиски ќе направи забава на јахта, која покрај козметички салон, сауна и базен, има и театар.

И хелиодром, секако.

Изнајмувањето на ова „бродче“ неделно чини неверојатни милион долари, пишува британскиот „Metro“.

Но, тоа е вистинска ситница за Кајли која порано оваа година беше прогласена за најмлад милијардер.

Со 10 кабини, јахтата може да прими 22 гости кои со славеничката ќе се забавува на сонце.

Иако се уште не е потврдено, се верува дека Кајли ќе крстари по Медитеранот со своите гости.

За среќа на сите следбеници на познатото семејство, не се крие ниту еден детаљ од животот на членовите на истото, па најверојатно многу фотографии ќе бидат споделени на социјалните мрежи./hashtag.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести