14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Кајли Џенер повторно соло

Најчитани вести

Најмладата милијардерка Кајли Џенер ја прекина двегодишната врска со момчето Тревис Скот, но се договориле заедно да се грижат за ќерката Сторми.

Наводната причина за прекинот се проблеми со довербата кои носат стрес во нивниот стил на живот.

Тие двајца не беа видени во јавност заедно уште од август, кога се појавија на премиерата од документарецот на Тревис, „Види мамо, можам да летам“. Со недели по настанот Џенер и Скот беа фотографирани и интервјуирани заедно за списанието „Плејбој“ во кој зборуваа за родителството, сексуалниот живот и „љубовната хемија“.

  • Исто размислуваме, имаме исти цели и страсти во животот – изјави тогаш Кајли за Тревис и додаде:
  • Не само што има меѓу нас добра “хемија“, туку и добро се забавуваме. Ти си ми најдобар пријател. Ние се развиваме заедно и стануваме посилни.

Но сега милијардерката и раперот решија да направат пауза, а нивни блиски сметаат дека треба да се одморат еден од друг, пред да донесат конечна одлука дали ќе продолжат заедно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com