Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева останува во истражниот затвор Шутка, според официјалната одлука која денеска ја донесе Апелацискиот суд, по добиената информација дека истрагата на обвинителството е завршена. Судиите ја земале в предвид можноста за бегство која се уште постои, носејќи ја одлуката.
Претходно, Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот што Јанева ја понуди за да ѝ биде одредено поблага мерка, по што следуваше жалба пред повисокиот суд.
Адвокатите на Јанева најавија дека ќе бараат Кривичен одново да ја преиспитра одлуката, и на поранешната шефица на СЈО да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор.
Катица Јанева е во притвор од 21 август, како третоосомничена во случајот „Рекет“. Осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 исто така е во Шутка, додека Зоран Милевски – Кичеец е во домашен притвор откако Обвинителството за организиран криминал соопшти дека истрагата е завршена.