Обвинителката во заминување, Катица Јанева следниот вторник во 10 часот треба да даде исказ за случајот Рекет. Таа веќе ја добила поканата од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на чие чело стои Вилма Русковска. Денеска на распит е колегата на Јанева, Бурим Рустеми, а претходно исказ даваа обвинителките Лиле Стеванова и Елизабета Јосифовска.
Новинарите денеска ја начекаа Стефанова пред Кривичниот суд во Скопје откако таа таму се појави поради рочиштето за предметот Титаник, кое сепак беше одложено. Тие ја прашаа каква е нејзината експертска оцена за комуницирањето на Јанева со осомничениот бизнисмен Орце Камчев со цел да биде сведок и во други истраги, таа рече дека не е експерт за кримина.
Стефанова посочи дека таа е експерт против криминал.