Македонскиот модел со светска кариера Катарина Ивановска изминатиов викенд го прослави својот 35-ти роденден
Имено македонската убавица во повеќе наврати не се штедела да сподели среќни моменти од нејзиниот приватен живот. Посебно оние најубавите. Така овој пат на профилот на нејзината долгогодишна пријателка Александра, инаку партнерка на познатиот актер Атанас Атанасовски откри дека слават роденден во Пула.
Дување свеќи на јахта, долги прошетки низ хрватското крајбрежје и вечерта беше резервирана за спектакуларниот концерт на Здравко Чолиќ.