17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Кастриот Реџепи утре „ќе се исповеда“ на телевизија

Најчитани вести

Кастриот Реџепи, пратеникот кој се одметна од ставовите на „Беса“ и реши да не направи кворум во Собранието за изгласување на недоверба на Владата, утре во телевизиска емеисја ќе објави се што му се случувало деновиве откако во четвртокот исчезна од очите на јавноста.

Телевизија ТВ21 објави дека тој ќе гостува утревечер во емисијата „Клик плус“. Реџепи вече најави дека понеделник ќе биде денот кога се ќе каже пред јавноста, а останува да се види дали, како што напиша тој на социјалните мрежи, ќе се обрати и на прес-конференција.

Иако се уште не потврдил, се очекува на мнозинството да му се приклучи Реџепи. За овие и други работи ќе зборува утре на КликПлус на ТВ21. Од опозицијата искоментираа дека тој „е киднапиран“, додека од власта пак велеа дека бил изманипулиран и доведен во заблуда.

Засега се шпекулира дека Алтернатива со своите 4 пратеници може да стане дел од владата, но официјално нема конкретна понуда или конкретен јавен чекор. Од таму за „Сител“ рекоа дека за понатамошните чекори ќе се разговара кон средината на наредната недела и дека засега остануваат на старите позиции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com