Home » Каспер Шмајхел се пресели во Ница

Каспер Шмајхел се пресели во Ница

by Журнал.мк

Голманот на данската фудбалска репрезентација Каспер Шмајхел (35) ги напушти редовите на премиерлигашот Лестер и кариерата ќе ја продолжи во Ница, соопшти францускиот прволигаш.

Шмајхел го чуваше голот на Лестер 11 години и беше миленик на навивачите, а неговиот нов клуб не ги објави финансиските детали од договорот.

– Во текот на времето кое го мина со нас, а особено како капитен, Каспер секогаш беше играч подготвен да стане и да преземе одговорност, водејќи ја екипата. Неговото влијание и неговото лидерство на теренот и надвор од него доволно зборуваат за него како професионалец, како фудбалер и како човек, соопшти Лестер.

Синот на легендарниот дански голман Питер Шмајхел за Лестер одигра 479 натпревари и е трет според бројот на настапи во клупската историја, зад Грахам Крис (600) и Адам Блек (557).

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk