36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

„Касперски“: Вакцините против ковид се продаваат на црниот пазар по ценa од 250 до 1.200 долари

Најчитани вести

Вакцините против Ковид-19 се продаваат на црниот пазар по ценa од 250 до 1.200 долари, соопшти компанијата „Касперски“, која дошла до ова сознание со испитување на пазарот на „Даркнет“, каде што пронашла реклами за продажба на вакцини.

Според глобалната компанија за сајбер безбедност, рекламите биле за главните вакцини против ковид, „Фајзер/ Бионтек“, „Астра зенека“ и „Модерна“, а имало и продавачи кои рекламирале неверификувани вакцини.

Исто така, се наведува дека повеќето продавачи на вакцини се наоѓаат во Франција, Германија, Велика Британија и САД и дека повеќето од нив имаат извршено меѓу 100 и 500 трансакции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести