0 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Касиљас презема тренерска улога во Порто

Најчитани вести

Икер Касиљас ќе преземе тренерска улога во Порто, додека продолжува да се опоравува. Голманот доживеа срцев удар за време на тренинг со „змејовите” на 1 мај. Пет дена подоцна тој беше пуштен од болница.

Според информациите, поранешниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија беше на пат да сопре со фудбалот, но 38-годишниот голман ги демантираше гласините во мај, велејќи: „Еден ден ќе дојде време, во кој ќе се откажам од фудбалот. Дозволете ми јас да решам кога ќе се случи тоа. За сега, сè е во ред”.

Денеска Порто потврди дека Касиљас ќе се приклучи на тренерскиот штаб на клубот, истакнувајќи дека тој ќе го прави тоа „додека се опоравува од својот здравствен проблем”, без да се спомене прекин на кариерата.

Самиот голман го сподели следново: „Ќе направам нешто различно од она што го правам вообичаено, имено тоа да бидам на теренот. Ќе се обидам да направам врска помеѓу тимот и клубот. Тренерот разговараше со мене минатата сезона, кога се случи тоа со мене и ми кажа дека сака да останам со нив, во близина на играчите и до младите во составот, бидејќи ќе има многу промени. Ќе дадам се за да помогнам на моите соиграчи”, сподели тој.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести