-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Касано: Роналдо најдобар? Па тој не е ниту помеѓу најдобрите пет фудбалери

Најчитани вести

36 годишниот Роналдо се најде на листата од 30 фудбалери, односно кандидати за освојување на престижната награда „Златна топка“.

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано тврди дека ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е ниту во најдобрите пет фудбалери на сите времиња, а со тоа го демантираше агентот на Португалецот, Жорж Мендеш.

Мендеш инаку го испофали својот клиент, а тврдеше дека тој заслужува да ја освои овогодинешната Златна Топка, нешто за што Касано воопшто не се согласува.

„Доста е театар од Мендеш… Дали Кристијано Роналдо е најдобриот во историјата на фудбалот? Тој не е ниту во топ петте“ рече Касано за „Бобо ТВ“, поточно на платформата на Кристијан Виери.

„Меси, Пеле, Марадона, Кројф и Роналдо (Бразилецот) се на едно друго ниво“ додаде контроверзниот Италијанец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com