17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Касами за Реџепи: Се сомневам дека некаде се држи присилно

Најчитани вести

Лидерот на БЕСА, Билал Касами, се сомнева дека неговиот пратеник Кастриот Реџепи не доаѓа на седница бидејќи негде се држи присилно. Тој кажа дека од вчера, со пратеникот кој напиша дека нема да гласа за пад на владата на СДСМ и ДУИ, нема никаков контакт. Во меѓувреме, потврди дека БЕСА останува на ставот, како што рече, овој режим треба да падне.

„ Се додека нема слика и глас на пратеникот, јас се сомневам дека тоа го има кажано против своја волја. Денеска го немам контактирано. Вчера беше последната информација. Се додека не излезе да каже негов став, да каже дека не е присилен, дека ова е доброволно, јас како претседател на БЕСА имам право да се сомневам дека се држи некаде и не може да дојде во Собранието да каже негов став“, рече Касами.

Прашан дали ќе успеат како опозиција да обезбедат 62 пратеници, како мнозинство, Касами рече: „Во моментов за нас е важно здравјето на пратеникот“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com