Наскоро, македонската публика ќе може да ужива во нови епизоди од „Дајте музика“. Продолжението на популарното забавно-музичко шоу ќе се емитува на „Македонската Радио Телевизија“.
Во новите епизоди ќе гостуваат бројни македонски ѕвезди, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Тони Зен, Пере од Нокаут, Игор Џамбазов, браќата од Next Time, Столе Стоилов, Перо Антиќ, Дарио, Петар Младеновски од Суперхикс, ДНК, Бени Шакири и Марија Спасовска.
„Пред неколку дена бев гостин во Дајте музика, а специјално за таа прилика спремивме и нова песна која наскоро ќе ја чуете“ – напиша Каролина во описот на фотографиите од нејзиното гостување.



Тамара на снимањето ја понесе со себе ќеркичката Хана./femina.m


Вчера, официјално заврши снимањето на новите 30 епизоди од „Дајте музика“, чии автори се Лазар и Цаци Паковски. Најголем дел од протагонистите во серијалот се од актерската школа на Весна Петрушевска, која воедно е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски.
Емисијата повторно ќе изобилува со многу музика, а новите детски хитови ги потпишуваат: Николче Мицески, Никола Перевски-Пере, Роберт Билбилов, Ристо Самарџиев, Игор Џамбазов и други.












