7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Најчитани вести

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора да дејствуваме самите, и затоа Австрија прави се за да се заштити и сака да преземе дополнителни мерки со Унгарија и Србија во борбата против илегалната миграција, најави претходно австрискиот канцелар Карл Нехамер на Самитот за илегална миграција во Будимпешта.

Нехамер во Будимпешта ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, како што е најавено во Виена, поради зголемениот мигрантски бран преку балканската рута.

„Австрија во моментов е масовно погодена од илегалната миграција. Солидарниот придонес што го даваме во Европа е пропорционално голем“, нагласи австрискиот канцелар,пренесе Танјуг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести