4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Карикатуристот кој го нацрта пророкот Мухамед, загина во сообраќајна несреќа

Најчитани вести

Шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој ја нацрта главата на пророкот Мухамед на телото на куче, загина во сообраќајна несреќа, пренесуваат локалните медиуми.

Во моментот на несреќата, Ларс Вилкс бил во цивилно полициско возило што се судрило со камион во близина на градот Маркарид. Загинаа и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден.

Вилкс живеел под полициска заштита откако му се закануваа со смрт за неговите карикатури.Полицијата не го откри идентитетот на жртвите во несреќата што се случи вчера, но партнерот на Вилкс ја потврди неговата смрт за весникот „Дагенс Нихетер“.

Во полициското соопштение се наведува дека се уште не е јасно како дошло до судирот, но засега нема индиции дека некој друг бил вмешан.

Карикатурите објавени во 2007 година навредија многу муслимани кои сметаа дека визуелното прикажување на пророкот Мухамед е богохулно.

Една година претходно, дански весник објави карикатури на пророкот Мухамед, потсетува Би -Би -Си.

Во 2015 година, Вилкс присуствуваше на дебата за слободата на говорот, која беше цел на вооружен напад во Копенхаген. Потоа рече дека најверојатно бил цел на нападот, во кој беше убиен данскиот филмски режисер Фин Норгард.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com