13.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Кариерните амбасадори да се бираат со конкурс во МНР, а не со амин на партиите, бара Советот на амбасадори

Најчитани вести

Професионалноста на дипломатијата не се состои само во фактот на донесување на закони, туку и на нивното професионално спроведување во пракса, што досега не била заложба на голем број на досегашни министри, оценува Советот на амбасадори, коментирајќи го нацрт законот за надворешни работи.

Советот на амбасадори ја поздрави заложбата на министерот и неговите соработници преку нов закон да се создаваат претпоставки за креирање на вистински професионална дипломатија, но, смета дека предуслов за такво нешто се професионалната работа на дипломатите во самото МНР и професионалната и рационална дипломатска мрежа.

Генералната забелешка на Советот е дека со Нацрт законот за надворешни работи уште повеќе се зголемува соодносот на раководни лица во МНР на штета на извршителите, (како што е случај со именувањето на „генерални директори”, формирање на нови служби и сл.) со што МНР станува неефикасна институција каде помал број на дипломати читаат, подготвуваат, пишуваат, истражуваат и работат на сложени задачи, а поголемиот број дипломати со повисок ранг одобруваат, парафираат, додека во меѓувреме помалку потребно или непотребно се на разни патувања и посети на разни земји.

Советот на амбасадори, како што стои во соопштението, смета дека новиот закон за надворешни работи треба да задржи голем дел на решенијата кои се дел на законот за надворешни работи кој е во сила затоа што како такви се над решенијата на предложениот текст.

Едно од тие решенија е членот за редовното унапредување во дипломатските звања кој е попрецизен и поприменлив во пракса отколку предложеното решение.

„Во врска со досегашната пракса на редовно унапредување проблемот не беше во лошото законското решение, туку во лошата примена на истото што во пракса даде негативен ефект при што се појави состојба со недоволен број дипломати со високо дипломатско звање. Советот смета дека зголемување на основите за вонредно унапредување во дипломатските звања е непотребно и тоа може да послужи (како што беше случај и досега) како прозорец за понатамошна партизација на надворешните работи”, се наведува во соопштението.

За креирање на вистинска професионална дипломатија, според Совтот, треба идните кариерни амбасадори и генерални конзули да се бираат преку интерен оглас објавен во МНР со создавање на ранг листа на кандидати кои аплицирале и ги исполнуваат условите, а не преку составување листа на кадри аминувани од политичките партии и предложени од директорите и шефовитет на разни кабинети од разни министерства.

Што се однесува до заложбата за пополнување на испразнетите амбасадорски места во нашите ДКП-а, Советот на амбасадори го поздравува тој чин и смета дека МНР требаше да вложи големи напори за именување на амбасадори од кариерните дипломати преку мерит системот, а не преку партиски инструкции и влијанија. Советот смета дека е непримерно дел од предложените амбасадори (како што медиумите информираат) шест месеци во текот на оваа година да служеле како вршители на должноста во земјите каде сега би требало да бидат именувани во ранг на амбасадори.

Совет на амбасадори исто така смета дека, како и во многу други земји, треба да постои категорија на именување на амбасадори по политича основа, бидејќи МНР нема доволен број на кариерни дипломати со високи дипломатски звања поради долгогодишнотата селектирана примена на законското решение од член 64-б,в,г од сегашниот Закон за надворешни работи. Советот смета дека таа бројка не треба да се пополни со патиски туку од истакнати познавачи и афирмирани лица во сферата на меѓународните односи, поранешни успешни амбасадори, министри, интелектуалци и уметници кои се познати во регионот, во ЕУ и пошироко.

„Именувањето на амбасадори (освен за НАТО) во услови кога партиите веќе водат предизборна кампања за идните парламентарни избори не води кон никаква полза за државата и за самите партии предлагачи, туку ги заострува меѓупартиските односи”, велат од Советот и најавувата дека до МНР ќе достават поедетални забелешки и сугестии во писмена форма.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com