25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Карен Донфрид во посета на Бугарија

Најчитани вести

Заменик-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид денеска и утре ќе престојува во Софија на серија средби на кои ќе се потврди силното билатерално партнерство меѓу САД и Бугарија, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

За време на нејзината посета, Донфрид ќе се сретне со високи бугарски владини претставници и лидери на политички партии за да разговараат за голем број клучни прашања, како што се билатералната безбедносна соработка, унифицираниот одговор на НАТО на неиспровоцираната војна на Русија против Украина и посветеноста на САД за зајакнување на енергетската безнедност на Бугарија, напорите за борба против корупцијата и други регионални прашања.

Американскиот потпретседател Камала Харис, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и заменик-државниот секретар за политички прашања Викторија Њуланд се сретнаа со премиерот Кирил Петков за време на посетата на Вашингтон на 9 и 10 мај. Во март, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја посети Бугарија, а во февруари во Софија беше и советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, се вели во соопштението.

Посетата на Донфрид ќе се надоврзе на овие неодамнешни контакти и ќе го отвори патот за следниот американско-бугарски стратешки дијалог подоцна оваа година, соопшти Стејт департментот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com