0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Карди Би на својата тригодишна ќерка и купила персонализирана чанта од 50.000 долари

Најчитани вести

Карди и купила на својата ќерка скапа чанта Хермес Биркин, чија цена е 50 илјади долари, пишува Мирор.

„Јас и мојот најдобар пријател засекогаш“, напишала раперката во описот на фотографиите.

Самата жолта персонализирана дизајнерска торба има илјадници кристали во сребрени и бои на виножито. Наводно, Карди Би и Офсет со недели преговарале со дизајнерите за изгледот на чантата, во која биле инвестирани повеќе од 100 часа работа.

Овој подарок ги подели мислењата на нејзините следбеници. Додека многу обожаватели на раперката мислат дека ова е прекрасен подарок за девојче, има и критичари кои сметаат дека е премногу скапо за да му се купи на дете вакво нешто.

“Апсолутно е одвратно што оваа бесрамна славна личност и подарила персонализирана чанта од 50.000 долари на нејзината разгалена ќерка. Карди е мизерна”, “Се` додека може да си го дозволи тоа и да го научи девојчето на благодарност и навика за добра работа, нека го прави тоа”. „Фрлате толку многу пари на торба за деца, и има луѓе во светот чии животи би се смениле со тие пари“, „Работи напорно за парите, оставете ја жената да живее“, се некои од коментарите на фановите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com