9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Каран: Шкупи нема да калкулира, со офанзивна игра да го елиминираме Пјуник

Најчитани вести

купи утревечер го пречекува Пјуник во реванш меч од првото квалификациско коло во Лигата на Европа со надеж дека може да се пласира во следната рунда. Има позитивни 3-3 од првиот меч во Ереван

„Нема да калкулираме и да играме на 0-0. На првиот натпревар имавме 3:1, потоа шанси за 4:1, но заврши 3:3. Направивме грешки на крајот, а тоа во Европа не се простува. Знаеме дека не очекува тежок натпревар. Пјуник е квалитетен тим, но ние имаме добар резултат од првиот меч и не се плашиме. Ќе играме дома, пред нашите навивачи и сакаме победа“, изјави Умит Каран, тренерот на Шкупи.

Капитенот Муарем Бајрами вели дека Шкупи сега го очекува потежок меч, од гостувањето во Ерменија.

„Ќе биде двојно потешко утре. Имаме добар резултат, но ќе треба да одиграме уште подобро на утрешниот реванш. Сакам да ги израдуваме „Шверцерите“ и да се пласираме понатаму во Лигата на Европа. Пјуник е добар тим, нашите тимови имат негативна традиција со овој ерменски клуб, но време е да ја прекинеме. Со поддршка од навивачите, кои се наше најсилно оружје, можеме до успех“, изјави Бајрами.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com