33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Каракачанов се заканува со коалиција со ГЕРБ само Македонија да не ги почне прговорите со ЕУ

Најчитани вести

Губитничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија, ВМРО на Красимир Каракачанов која не доби поддршка од нароадот за да биде во 45. собраниски состав која неодман се распушти поради неможноста ниедна партија да формира влада и се закажани нови предвремени избори за 11 јули, се заканува дека ќе влезе во коалиција со донеодмна владеачката и последна победничка партија ГЕРБ на Бојко Борисов, само на Македонија да не и се дозволи да ги почне преговорите за влез во ЕУ. Партијата на Каракачанов пред повторните летни парламентарни избори во Бугарија усвоила седум приоритети, а еден од нив се однесува токму на застанувањето на патот на Македонија кон ЕУ. Ова го потрдил за БГНЕС лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов.

-Еден од важните приоритети на ВМРО е Македонија да не започнува преговори за членство во Европската унија се додека „земјата не се откаже од антибугарското однесување. Мило ми е што новиот министер за надворешни работи многу јасно изјави дека нема да има промени во бугарската надворешна политика, нагласил водачот на ВМРО.

Тој исто така го коментирал и македонскиот претседател Стево Пендаровски, дека Македонија ќе побара меѓународна поддршка за членство во ЕУ и да изврши притисок врз Бугарија.

-Ние ја кажавме нашата политика, а Пендаровски може да се сврти кон кого сака и да се потпре на кого сака. Тие сакаат да ја продолжат својата нечесна политика кон Бугарија, да продолжат да го кршат народот со бугарска самосвест во Македонија, да продолжат да го образуваат населението во антибугарски дух и некој друг да не притиска да бидеме будали за да се придржуваме на ова. Му честитам на министерот за надворешни работи за неговата позиција. Верувам дека во иднина Бугарија не треба да ја менува својата политика кон Македонија се додека не стане нормална земја и не спроведе чесна, фер и добрососедска политика кон нас , порачал поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести