31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Каракачанов: ВМРО ја напушта власта ако ја поддржиме Северна Македонија за членство во ЕУ

Најчитани вести

Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов е категоричен дека Бугарија во оваа фаза не треба да даде зелено светло за отпочнување на преговори.

„Бугарскиот кабинет треба да излезе со цврст став дека нема да го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ“, ова го побара Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој постави ултиматум дека ако тоа не се направи, неговата партија, ВМРО, е подготвена да ја напушти власта.

Причината, според него, е неисполнувањето на договорот за добрососедство од страна на Северна Македонија во делот на расчистување на случаите во нашата заедничка историја.

Каракачанов е категоричен дека во оваа фаза Бугарија не треба да даде зелено светло за да започне преговори се додека „не бидат расчистени сите фалсификати на историјата на бугарскиот народ во Северна Македонија“.

„Единствената правилна одлука е да се донесе одлука на Министерскиот совет. Ние проценуваме дека Северна Македонија не сторила доволно за спроведување на договорот меѓу двете држави и затоа нема да го поддржиме “, рече Каракачанов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести