8.2 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Карагер го предупреди Анчелоти пред враќањето во Премиер лигата: Треба да биде загрижен за едно нешто!

Најчитани вести

Aнглиските медиуми на големо пренесоа дека Карло Анчелоти и одговорните луѓе на Евертон си подале рака за меѓусебна соработка, а во моменти кога само се чека официјална промоција на искусниот Италијанец, во понеделничкото студио на „Скај Спортс“ можеше да се слушне една интересна анализа на Џејми Карагер.

Легендата на Ливерпул е воодушевена од тренерското педигре кое го има Карло, но токму поради тоа стравува дека Евертон нема да ги исполни неговата вродена менаџерска глад, а тоа е водење на големи клубови кои се борат за најважните трофеи.

– Навистина сум изненаден од тоа што Анчелоти ќе го преземе Евертон, изненаден сум што прифаќа таква работа. Со оглед на позиција на клубот, тие добиваат џек-пот со ангажман на тренер како Карло, немам ништо против тоа, но не ми е јасно едно нешто. Тие најавуваа холивудски менаџер подолго време, но јас не сум сигурен дека Анчелоти е вистинскиот човек за оваа работа. Се работи за човек кој ги тренираше најголемите клубови во светот. Тој обично презема силни тимови и менува само неколку работи. Тој сигурно нема да ја освои Лигата на шампионите или Премиер лигата во Евертон, негов предизвик сега ќе биде да го врати клубот во топ 6. Се сеќавам дека и Роналд Куман беше претставен во Евертон како холивудски менаџер, но тој на крајот не им одговараше. Тоа треба да го загрижи Анчелоти, чие си-ви е полн погодок за Евертон, – порача Карагер.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести