10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Караванот на ДИК-Ти си на ред! Излези, гласај! ги посети Тетово, Струга, Охрид, Битола и Прилеп

Најчитани вести

Караванот на Државната изборна комисија оваа недела ги посети општините Тетово, Струга, Охрид, Битола и Прилеп. Како дел од овогодинешната едукативна и информативна кампања, „Ти си на ред! Излези, гласај!“.

Од ДИК информираат дека во општините кои ги посетиле, бил поделен едукативен материјал, за да ги претстави гласачките права на гласачите за претстојните Локални избори.

-Многумина од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа едукативните и информативни материјали, кои ги делеа претставници на Државната изборна комисија. Караванот се реализира во согласност со протоколите за заштита од КОВИД-19, информираат од ДИК.

Следната недела караванот на ДИК ќе ги посети останатите градови во државата, како Штип, Струмица, Кавадарци, Куманово и Скопје. Државната изборна комисија, преку овогодинешната едукативна и информативна кампања, има за цел да упати апел кон сите гласачи, дека претстојните Локални избори ќе бидат фер, демократски и безбедни.

извор: МИА

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com