Home » Караванот за вакцинација во Липково и Арачиново

Караванот за вакцинација во Липково и Арачиново

by Журнал.мк

Во земјава има вкупно 2 041 активни случаи на КОВИД-19, а најголем дел од нив се во главниот град -1152. Инаку, активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД-19 денеска продолжуваат во Липково, а утре во Арачиново.

Со караванот, кој почна на 21 март, а ќе заврши на 3 април, надлежните испраќаат апел до граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека тоа е единствениот излез од пандемијата.

Во однос на статистиката на новозаболени, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 188 случаи, од направени 2 245 тестови. Вчера починале тројца, а оздравеле 119 пациенти.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 123, Битола 18, Кавадарци 10, Прилеп 6, Куманово 5, Штип и Делчево по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066. Бројот на оздравени пациенти е 293.819, а на починати е 9.206.
Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.
Дел пак од државите од регионот се одлучија за олабавување на ковид мерките. Во Софија од денеска ќе бидат отворени терминалите на аеродромот и за оние кои ги пречекуваат и испраќаат патниците.
Претходно, терминалите беа затворени за луѓе кои не се патници или вработени. Ограничувањата беа дел од антиепидемиските мерки и бараа оние кои ги испраќаат патниците да се разделат со нив на влезот на поаѓање, а оние кои пречекуваат да чекаат на ограничено место или надвор од терминалите, што создаваше непријатности.

Барањата за носење маска, растојание меѓу луѓето, како и почитување на сите антиепидемиски мерки опишани во наредбите на Министерството за здравство во Бугарија остануваат во сила до нивното укинување.

И во Грција се најавува олабавување на мерките.

Во оваа држава се очекува во летниот период да се укинат сите рестриктивни мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk