21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Капинковски: Среќен сум, го добивме најголемото дерби во македонскиот фудбал

Најчитани вести

Екипата на Пелистер вчера го доби дербито со Вардар со 2:0 под Тумбекафе и дојде чекор поблиску до остварување на зацртаната цел оваа пролет. Тренерот на тимот, Димитар Капинковски, по средбата со „вардарци“ вели:

„Честитки за моите фудбалери, мислам дека заслуживме да победиме. Од почетокот влеговме сериозно, креиравме шанси, постигнавме два гола и заслуживме да се радуваме. Сепак, е ова најголем натпревар во македонскиот фудбалот, игравме по лошо време и натопен терен и треба да им се честита на фудбалерите. Направивме голем чекор кон остварување на целта и овие три бода ќе ни дадат дополнителна самодоверба. Честитки и за Вардар, покажаа дека е одлична екипа, полна со младински репрезентативци и никогаш не е лесно да го совладаш Вардар“, вели стратегот на битолските „зелено-бели“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести