11 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Капело ,,му кажа,, на Роналдо каде му е местото

Најчитани вести

Кристијано не доби поштеда од легендарниот Фабио Капело.

Еден од најценетите стручњаци во историјата на италијанскиот фудбал беше прилично дрзок во студиото на „Скај Спорт“, нагласувајќи дека Роналдо не е во форма и заклучувајќи дека нема поминато играч веќе три години.

– Нема издриблано или поминато противник веќе три години. Кристијано не е добар, не е во форма. Дибала и Даглас Коста се во одлична кондициска ситуација и прават разлика на теренот. Браво за Сари, потребен е карактер за да се извади играч како Роналдо. Тоа беше добар потег. Што се однесува до Роналдо, мора да се подобри, мислам дека има пад во физичка гледна точка. Неговиот став не беше добар кога беше изваден од игра, мора да бидете шампион дури и кога го напуштате теренот и кога сте заменети од тренерот, – изјави Капело.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести