7 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Капело го советува Алегри да оди во Манчестер јунајтед, а не во Баерн

Најчитани вести

Искусниот италијански фудбалски стратег Фабио Капело го советува својот сонародник Масимилијано Алегри ако има прилика да избира на која клупа да седне, тогаш да ја одбере онаа на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, а не на бундеслигашот Баерн Минхен. Германскиот шампион Баер веќе е во потрага по тренер откако изминатиов викенд се раздели со Хрватот Нико Ковач по дебаклот со Ајнтрахт Франкфурт (1:5), додека во англискиот премиерлигаш на кормилот е Оле Гунар Солскијер.

-На Алегри му одговара на Баерн, но не знам колку Италијацните се добредојдени во Германија после Анчелоти кој беше многу кратко. Англија е доста возбудлива, а Премиер Лигата е натпреварување кое ве исполнува како тренер. Да сум на местото на Алегри би заминал во Манчестер јунајтед, рече Капело.

Алегри сезонава си зеде одмор откако на крајот од мината сезона се раздели со италјанскиот првак Јувентус.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести