17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Капело: Ако Јуве го донесе Де Лихт, сезоната е завршена пред да почне!

Најчитани вести

Дефанзивецот на Ајакс, Матијс де Лихт е близу до трансфер во Јувентус. Според медиумите во Италија „бјанконерите“ се подготвени на 19-годишниот Холанѓанец да му дадат плата 14 милиони евра годишно.

Јувентус е спремен да му понуди на Ајакс 70 милиони евра за неговиот потпис, а во моментов ги договараат последните детали со неговиот менаџер Мино Раиола.

Легендарниот Фабио Капело го коментираше ваквиот потег на „старата дама“ и истакна дека со Де Лихт, Јувентус ќе биде непоблив.

„Ако Јувентус успее да потпише со Матијс де Лихт тогаш сезоната е веќе завршена. Повторно. Можеме да одиме директно на следната сезона“, истакна Капело.

„Јувентус ќе добие џекпот со неговото доаѓање и јасно е зошто толку се трудат. Има и други силни тимови како Наполи и Интер, но тешко дека можат да го освојат Скудетото. Што се однесува до Милан и Рома, можат само да се борат за четвртото место“, заклучи Капело.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com