17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Капа доле мајстори: Де Лихт, Рабио, Рамзи, Буфон, Пелегрини, Ромеро Демирал за 42.5 милиони евра!

Најчитани вести

Со нив веројатно нема средина или ги обожавате или ги мразите, но едно не може да им се оспори на луѓето од Јувентус – си ја знаат својата работа!

Иако минатото лето ја шокираа Европа успевајќи да го доведат Кристиано Роналдо дури ова лето покажаа какви мајстори се. Јуве ова лето ги доведе: Матијас Де Лихт, Адриен Рабио, Арон Рамзи, Џанлуиџи Буфон, Лука Пелегрини, Кристијан Ромеро и Мерих Демирал за – 42.5 милиони евра!?

Добро вкупниот трошок е 151.5 милиони евра, но Јувентус од продажбата на играчи заработи 109 милиони и тука доаѓаме до разлика од споменатите 42.5 милиони евра. Што продадоа? Далеку од тоа дека тие играчи немаат квалитет, но тоа се се играчи кои нивното отсуство нема да се почуствува.

Леонардо Спинацола веројатно некој го памети по одличниот реванш против Атлетико во Лигатан а шампионите, но тој во Серија А одигра само 598 минути, а во касата тој внесе 29.5 милиони евра кога премина во Рома.

Што да се каже за останатите? Емил Аудеро, Стефано Стураро, Рикардо Орсолини, Алберто Чери, Андреа Фавили, Рожерио, Леонардо Манкузо, Лука Марино…Никој од нив не ни беше во Торино! За некои веројатно не сте ни слушнале.

Да одиме по ред: Аудеро 20 милиони евра, Стураро 16.5 милиони евра, Орсолини 15 милиони евра, Чери 9 милиони евра, Фавили 7 милиони евра, Рожерио 6 милиони евра, Манкузо 5 милиони евра, Марино 1 милион евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com