9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Канје Вест признава дека правел грешки како сопруг: „Мора да се вратам дома“

Најчитани вести

Канје Вест признава дека направил многу грешки во бракот со Ким Кардашијан Вест и дека сака да се врати дома.

44-годишниот рапер, чија отуѓена сопруга поднесе барање за развод на почетокот од оваа година по седум години брак, го призна ова за време на емотивниот говор на годишен настан за Денот на благодарноста во Лос Анџелес минатата недела.

Основачот на „Јизи“ објасни како Бог сака тој повторно да се обедини со Ким (41), која сега е во врска со 28-годишниот актер и комичар Пит Дејвидсон.

Канје и Ким имаат четири деца – Норт (8), Сент (5), Чикаго (3) и двегодишниот Псалм. „Наративот што Бог сака да го види е дека можеме да бидеме искупени во сите овие односи“, рече тој.

„Направивме грешки. Јас направив грешки. Јавно објавив работи кои не беа прифатливи како сопруг, но токму сега денес, од која било причина – не знаев дека ќе бидам пред ова микрофон – но јас сум овде за да го сменам наративот“.

„Морам да бидам до моите деца колку што е можно повеќе. Се обидувам да го изразам ова на најразумен начин, најмирниот можен начин, но мора да се вратам дома“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести