7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Канте е главна трансфер цел на Реал Мадрид

Најчитани вести

Реал Мадрид следното лето може да донесе уште една голема ѕвезда на Челзи во своите редови, после трансферите на Тубо Куртоа и Еден Азар, пренесуваат англиските медиуми.

Англиски „Сан“ пишува дека Реал Мадрид наводно, се договорил со еден од најбараните фудбалери во светот, Нголо Канте.

Реал планираше уште летово да го ангажира Французинот, но трансферот не се реализираше најмногу поради фактот што Челзи имаше забрана за трансфери.

Реал Мадрид следното лето ќе се обиде да го доведе Французинот на „Сантиаго Бернабеу“, а медиумите тврдат дека тоа нема да се случи за сума помала од 80 милиони евра.

За Французинот интерес има и од Јувентус, кој исто така е спремен да понуди 80 милиони евра, но „кралевите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com