14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Канингем прв пик на драфтот, НБА-кариерата ќе ја почне во Детроит

Најчитани вести

Кејд Канингем е прв пик на драфтот во НБА-лигата. Студентот на универзитетот Оклахома стејт кариерата ќе ја продолжи во Детроит пистонс. Канингем има 19 години, игра на позицијата плејмејкер иако е висок 203 сантиметри.

Со репрезентацијата на САД, играчи до 19 години, во 2019 година стана светски првак.

Од втората позиција Хјустон Рокитс го избраа Џејлен Грин, додека трет пик е Еван Моби, кој ќе игра за Кливленд кавалирс. Изненадување, според Американците е изборот на Скот Барнс како четврти пик од страна на Торонто репторс. Орландо Меџик од петтата позиција го избраа Џејлен Сагс.

Највисоко рангиран играч од Европа е Германецот Франс Вагнер. Него од осмата позиција Орландо Меџик.

Српскиот репрезентативец, МВП на сезоната во АБА-лигата, Филип Петрушев, како 50. пик заврши во Филаделфија. Петрушев е играча на Мега. Тој е 13 кошаркар од овој тим кој е избран ан драфтот во НБА-лигата. Најпзнат е актуелниот МВП, Никола Јокиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com