-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Кание се смири со Ким, двајцата видени заедно на забава во Чикаго

Најчитани вести

Кание Вест и Ким Кардашијан повторно се смирија, тврдат извори блиски до нив за Page Six. Тие биле видени заедно минатата недела на забавата на американскиот рапер, кога го промовираше новиот албум „Донда“. Присутните ги виделе како се држат за рака.

Истата вечер Ким му се приклучила на сцената за време на една лажна церемонија, на која носела бела венчаница. Некои од луѓето блиски до нив, велат дека на тој начин Кание се обидува да го продаде неговиот албум и да има поголема заработка од неговиот ривал Дрејк.

„Кание на другие рапери им говореше дека тој и Ким се повторно заедно, но, сите знаат дека тоа не е виситна. Вистината е дека Кание сака да го победи Дрејк во продажбата на плочи и да приреди шоу со кое ќе го привлече вниманието на медиумите“, тврди еден од изворот.

Ким и Кание не разговарале со месеци откако ги поднесоа барањата за развод, но, повторно почнаа да комуницираат ова лето заради децата, вели друг извор и додаде дека Ким и понатаму го поддржува раперот.

„Ким е драга личност. Иако не се повеќе заедно, таа е среќна што може да го поддржи во неговата работа и уметност. Таа сака да има добар однос со него поради децата“, додал изворот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com