Home » Канадската шефица на дипломатијата среде Скопје му се заблагодари на Османи за лидерството со ОБСЕ

Канадската шефица на дипломатијата среде Скопје му се заблагодари на Османи за лидерството со ОБСЕ

by Журнал.мк

Соработката помеѓу Канада и Македонија е одлична и ние како министри за надворешни работи многупати до сега сме се среќавале на состаноците на НАТО и на ОБСЕ, на кои имавме многу формални и неформални дуискусии. Ова го истакна министерката за надворешни работи, Мелани Жоли која за прв пат е во официјална посета на Македонија.

Жоли додаде дека двете земји делат заеднички вредности во поглед на безбедноста, и не штедеше пофални зборови за учеството на Македонија во двете најголеми безбедносни организации. Таа лично му се заблагодари на Османи за лидерството што го покажал како Претседавач со ОБСЕ.  

„ОБСЕ е многу важна Организација и овој момент во кој вие претседавате со ОБСЕ е исклучително важен за што би сакала пред целата јавност да ви се заблагодарам вам лично Бујар, затоа што знам дека вршите тешка работа, да се биде Претседавач со ОБСЕ во овој момент е тешка задача и ви благодарам за вашето лидерство“, рече Жоли.

Жоли упати благодарност за гостопримството од страна на државните власти во Македонија со коишто денеска има средби и потенцираше дека ова е прв пат после 25 години канадски министер за надворешни работи да дојде во Македонија со што самата посета веќе претставува историски чин.

Покрај сојузништвото во НАТО и соработката во рамки на ОБСЕ, во фокус на разговорот беа и билатералните односи помеѓу двете земји.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk