Home » Канада ќе прима половина милион имигранти годишно

Канада ќе прима половина милион имигранти годишно

by Журнал.мк

Канада го зголеми бројот на имигранти што планира да ги прими на околу половина милион годишно до 2025 година за да го надомести големиот недостиг на домашна работна сила, изјави министерот за имиграција Шон Фрејзер. Повеќе од 900.000 работни места се слободни во многу сектори, а невработеноста падна на историски најниско ниво во последните месеци и беше 5,2 отсто во септември. Затоа, Отава има намера да додели постојан престој на 465.000 луѓе во 2023 година, 485.000 во 2024 година и 500.000 во 2025 година. Целта е повеќе од 60 отсто од вкупните имигранти да бидат економски мигранти до 2025 година, рече Фрејзер.

Канада прими повеќе од 405.000 имигранти во 2021 година, што е најголем број што некогаш го примил за една година, се вели во соопштението на Министерството за имиграција. Меѓу седумте индустриски најразвиени земји во светот, Канада, со речиси 39 милиони жители, има најголем удел на имигранти, така што речиси една четвртина од Канаѓаните се родени во странство. Во исто време, Канада се соочува со рекорден бран на пензионирање, предупреди канадската статистика.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More