17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Канада: Позитивните ефекти на вакцината на „Астразенека“ се поголеми од можните ризици

Најчитани вести

Откако неколку земји привремено ја прекинаа вакцинацијата со „Астразенека“ поради извештаите дека може да предизвика згрутчување на крвта и тромбоза кај некои приматели, Канада денес објави дека вакцината е безбедна.

„Властите се информирани за разни инциденти по вакцинирањето со „Астразенека“ во Европа, но ние сакаме да ги увериме нашите сограѓани дека позитивните ефекти се поголеми од можните ризици. Во овој момент, нема индикации дека оваа вакцина предизвикува негативни ефекти”, се вели во соопштението на канадското Министерство за здравство, пренесува „Ројтерс“.

Минатата недела во Канада пристигнаа половина милион дози вакцина на „Астразенека“ од Индија, а до мај се очекува да пристигнат уште 1,5 милион дози.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести