Home » Канада остана без селектор, Хердман го презеде Торонто

Канада остана без селектор, Хердман го презеде Торонто

by Lina Muslija

Англичанецот Џон Хердман не е повеќе селектор на канадската репрезентација и во иднина ќе го предводи Торонто. 48-годишниот Хердман ги помина последните дванаесет години како вработен во Канадската фудбалска асоцијација.

Од 2011 до 2018 година, Хардман беше селектор на женската репрезентација, а потоа ја презеде и машката селекција со која се пласира на Светското првенство во Катар. 

„Ова е вистинско време да се преземе нов предизвик во кариерата“, рече Хердман.

Торонто моментално е на дното во Источната конференција на МЛС со 19 бода од 26 натпревари.

Канада, заедно со Соединетите Американски Држави и Мексико, ќе биде еден од домаќините на Светското првенство во 2026 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk