Канада утринава славеше со 2-0 против САД на натпревар одигран во Торонто во рамки на КОНКАКАФ Лигата на нации. Ова беше прва победа на Канаѓаните против својот сосед по цели 34 години.
Интересно е тоа што Канада последен пат им даде гол на Американците уште во 2007 година, но денеска беше денот кога оваа лоша традиција заврши. Алфонсо Дејвис погоди за 1-0, а точка на победата на домашната селекција стави Лукас Кавалини.