Home » Кам-бек на Атина Апостолова – со мерак на кумановскиот „Тумба фест 2023“ – На 24 август, новото издание на фестивалот на шегобијна песна  

Кам-бек на Атина Апостолова – со мерак на кумановскиот „Тумба фест 2023“ – На 24 август, новото издание на фестивалот на шегобијна песна  

by Lina Muslija

„Испод мира триста вира“, токму вака се викаше една од минатогодишните песни на познатиот и омилен кумановски „Тумба фест“. А, под тој кумановски мир ќе има „триста“ песни, нови, потенцијални хитови. Овој фестивал е специфичен и поразличен од другите во Македонија по сè. Традиционално се одржува на 24 август (овој пат во четврток). Тоа ќе биде 11. негово издание на големата отворена сцена на плоштадот во Куманово. Премиерно ќе бидат испеани нови песни, претежно на кумановски дијалект, што е, секако, специфичност на фестивалот. Но, секако, дека ќе се пее и на битолски, прилепски, струмички, гевгелиски и на кривопаланечки дијалект. Ќе слушнеме 21 песна, а сето тоа, ексклузивно меѓу електронските медиуми, ќе го снима Македонската телевизија. Од печатените медиуми, весникот ВЕЧЕР е еден од најглавните помагатели, како и минатата година.

– Имаме одличен избор на песни, ќе бидат слушани, така што не можам да ја издвојам ниту една. Сите ми се мили и сите пејачи ми се победници – вели Драган Јаким, организатор на фестивалот од Здружението „Ризница“ – Куманово и воедно директор на фестивалот.

На фестивалската сцена, покрај нашите пејачи од Македонија, ќе има и пејачи гости од Швајцарија, Србија, Шведска и од Бугарија. Генерален покровител е Општина Куманово. Од Македонија, меѓу другите, ќе пеат и: Благица Павловска, Нино Величковски, Ирена Спасовска, Петар Нечоски, Цане Петров, Влатко Алексовски, Кате и „Соната“.

На фестивалите, по долгогодишна пауза, се враќа големата Атина Апостолова, која ќе ја пее песната „Стар мерак“. Нема никаков сомнеж дека со своето учество на „Тумба фест 2023“, Атина на многумина ќе им направи голем мерак!

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More